KOVE 800X PRO е adventure мотоцикл со средна зафатнина, наменет за возачи кои сакаат сериозни перформанси и на асфалт и надвор од него. Со 799cc двоцилиндричен мотор, целосно прилагодлива суспензија и 7-инчен TFT екран, тој е директен конкурент на моделите во својата класа, а истовремено остава простор за прилагодување со додатоци за патување.
Клучни карактеристики
- 799cc двоцилиндричен мотор со 95 КС (71 kW) и 80 Nm максимален вртежен момент
- Целосно прилагодлива суспензија, предна и задна (241 мм ход)
- Двоен преден диск со радијални клешти и целосен ABS (со можност за исклучување)
- 7-инчен TFT екран со поврзување на телефон и 3 режими на возење (ECO/SPORT/RAIN)
- Челични заштитни рамки и алуминиумска заштита под моторот, серијски вклучени
Технички спецификации
Мотор и перформанси
| Тип на мотор | 4-тактен, двоцилиндричен, реден, DOHC, течно ладење |
| Работна зафатнина | 799 cc |
| Дијаметар x Ход | 88 mm x 65,7 mm |
| Компресија | 13:1 |
| Максимална моћност | 95 KС (71 kW) при 9.000 вртежи/мин |
| Максимален вртежен момент | 80 Nm при 7.500 вртежи/мин |
| Систем за гориво | EFI (електронско вбризгување) |
| Менувач | 6-степен мануелен |
| Спојка | Anti-recoil (slipper clutch) |
| Палење | Електрично |
| Ладење | Радијатор со двојни вентилатори |
| Издувен систем | Нерѓосувачки челик со термичка заштита |
| Максимална брзина | 210 км/ч (131 mph) |
Шасија и суспензија
| Рамка | Челична, со двојни греди |
| Предна суспензија | 48 мм инвертирана вилушка, целосно прилагодлива (компресија, поврат, предна напнатост), ход 241,3 мм |
| Задна суспензија | Моношок со прогресивен link, целосно прилагодлив, ход 241,3 мм |
Тркала и гуми
| Тип | Жичани тркала со можност за tubeless гуми |
| Предна гума | 90/90-21 Pirelli Scorpion Rally STR |
| Задна гума | 150/70-18 Pirelli Scorpion Rally STR |
Кочници и ABS
| Предна кочница | 2 x 310 мм диск, 4-клипни радијални клешти, ABS |
| Задна кочница | 240 мм диск, едноклипна клешта, ABS |
| Режими на ABS | Вклучен / Само преден ABS / Исклучен |
Димензии и тежина
| Должина x Ширина x Висина | 2.238 x 880 x 1.399 мм |
| Меѓуоскино растојание | 1.510 мм |
| Висина на седиште | 875 мм |
| Растојание од земја | 275 мм |
| Резервоар | 20 литри |
| Тежина | 185 кг |
| Просечна потрошувачка | ~5 л/100 км |
Опрема
- 7-инчен TFT инструмент табла со поврзување на телефон (smartphone mirroring)
- 3 режими на возење: ECO, SPORT, RAIN
- Контрола против пролизгување (TCS)
- USB-A и USB-C порти
- Целосен LED систем: фарови, стопки, трепкачи, дневно светло (DRL)
- Fast Ace стабилизатор на управувач
- Челични заштитни рамки (crash bars)
- Алуминиумска заштита под моторот
- Опција за монтирање држачи и куфери