Туринг моторите се направени за километри, не за кратки градски релации. Во оваа категорија ги собравме моделите со поудобна позиција на возење, поголем резервоар и капацитет за куфери – Hamachi Tekken фамилијата од 125 до 325 кубици, Cyclone RX401 и Cyclone 650, како и RS310 и GTS 280.
Hamachi е официјален увозник за сите брендови што ги продава, со сопствен сервис и магацин со резервни делови во Штип и мрежа од над 30 дилери низ Македонија. Секој мотор доаѓа со гаранција, регистрација и целосна техничка поддршка.