SCOYCO MT106 – водоодбивни мото-патики
SCOYCO MT106 комбинираат модерен изглед на високи спортски патики со заштита потребна при возење мотор. Системот за брзо и прецизно затегнување овозможува лесно приспособување, додека водоодбивната конструкција е погодна за секојдневно користење.
Карактеристики:
- Изработени од микрофибер кожа и Oxford ткаенина
- Трослојни мрежести панели за подобра вентилација
- Водоодбивна конструкција
- Зголемена отпорност на абење
- Систем со ротирачки механизам за брзо затегнување
- Заштита во пределот на прстите, петицата и глуждот
- Вградена подлога за менување брзини
- Челично засилување помеѓу внатрешниот и надворешниот ѓон
- Назабен ѓон со подобро прилепување
- Ѓон изработен од MD гума
- Погодни за секојдневно и туристичко возење
- Големини: 36–46
Моделот е водоодбивен, не е целосно водоотпорна чизма за силен и долготраен дожд.