Како да изберете кацига за мотор или скутер

Ако морате да штедите на нешто кога купувате прво возило, нека не биде кацигата. Ова е делот од опремата што најмногу ви треба во моментот кога најмалку го очекувате.

Кој тип ви одговара

Затворената кацига, или интеграл, ја штити и брадата и вилицата. Најбезбедна е и најтивка на поголема брзина, па ја препорачуваме за мотор и за возење надвор од град.

Отворената е полесна, полесно се дише во неа и имате подобар преглед. Затоа ја сакаат возачите на скутери што возат главно низ град.

Модуларната е нешто помеѓу. Предниот дел се крева, па на пумпа или на семафор не мора да ја вадите. Особено практична е ако носите очила.

Големината е поважна од бојата

Земете метар и измерете го обемот на главата, околу два прста над веѓите. Таа мерка споредете ја со табелата на производителот, затоа што големините не се исти кај сите марки.

Кога ја ставите, кацигата треба да ве стега рамномерно, без да ве притиска на едно место. Затегнете го ременот и тресете ја главата лево десно. Ако кацигата се движи посебно од главата, голема е. Затоа не купувајте кацига без да ја пробате. Во салонот можете да пробате повеќе големини и модели.

Три работи за безбедноста

Прво, проверете ја етикетата за сертификат ECE 22.06 или постариот ECE 22.05. Второ, кацига што паднала или била удрена треба да се замени, дури и кога однадвор изгледа цела, затоа што внатрешниот слој што го прима ударот може да е оштетен. Трето, од истата причина не купувајте половна кацига.

Целата понуда е во колекцијата Кациги, вклучително и нашите HMC кациги. Ако истовремено барате и скутер, прочитајте Скутер 50cc или 125cc, кој да го изберам.

Имате прашање за големина или модел? Јавете се на 071 337 717.