Viper XCS 29 DEORE
ПЕРФЕКТЕН АВАНТУРИСТ
Без разлика дали имате сериозно искуство зад себе или пак токму сега сте решиле да започнете почесто да користите велосипед, изборот при купувањето треба да биде базиран врз одлики како што се квалитет, издржливост и доверливост. Компромиси не се препорачуваат затоа што можат директно да влијаат врз безбедноста, а посебно не во ситуацијакога понудата на пазарот овозможува достапни модели со врвни атрибути.
За оние кои сакаат да го комбинираат урбаните со благите планински авантури, можат да го земат во предвид велосипедот Viper 29 XCS DEORE со алуминиуски рам кој импонира со карактеристиките кои го прават интересен и атрактивен избор за македонските купувачи. Се работи за универзален атлет кој покрај класичната рекреација ќе ви дозволи да ги испробате неговите адути и надвор од класичниот асфалт.
Фактот што Viper 29 XCS DEORE е велосипед кој ужива добра репутација на глобално ниво е добар почеток при претставувањето на неговиот потенцијал, а во прилог на позитивните коментари одат и компонентите кои се употребени за да се комплетира производот кој како основа го има 19 инчниот алуминиумски рам.
Покрај тоа што користи виљушка SUNTOUR XCM 30 преовладуваат SHIMANO компоненти вклучувајќи го предниот и задниот менувач, зупчаниците, синџирот и сопирачките. Сигурното возење секогаш мора да е најважно , а во случајов Viper 29 XCS DEORE може да се пофали со сопирачките дискови од 160mm со кои велосипедот успева да ги оправда очекувањата и во покомплицирани ситуации. Гумите MAXXIS Crossmark се последната генерација и со подобрени карактеристики во однос на контактот со подлогата и перформансите дури и на најекстремна подлога. Целата понуда на велосипеди VIPER овозможува поголем избор за различни потреби, но подразбира користење само на квалитетни компоненти, нешто во што може да се уверите со спецификациите достапни за сите модели на интернет страницата www.viper.mk
Model: | Bicycle Viper 29 XCS Allum Alloy |
Frame: | Alluminium Frame XCS 19" L-size |
Fork: | SUNTOUR XCM 30 - SR with Lock out |
Size: | 29" |
Transmission: | Chain (Shimano CN - HG73) |
Crank: | Shimano DEORE |
Cogs: | Shimano DEORE 10 Speed Cassette |
Shifters: | Shimano DEORE 10 x 3 (30 Speed) |
Front Derallieur: | Shimano DEORE FD |
Rear Derallieur: | Shimano DEORE RD |
Tires: | Maxxis CROSSMARK 29" x 2.10" (MTB tire) |
Brakes: | Shimano M355 Hydraulic Disc Brake 160 mm |