JONWAY 50 QT 7

SKU 18627
67.035 мкд
Во Продавница
1
Детали за производот

СИНОНИМ ЗА ТРЕНД


Квалитетите на еден мотоцикл се поврзани со неговиот успех на пазарот, а македонските купувачи инсистираат да добијат најдобар однос на инвестирани средства и она што се добива за возврат. Таквиот пристап овозможува добро познавање на спецификациите на моделите од одреден сегмент и полесно сегментирање на квалитетното и привлечното. Привлечниот дизајн е важен за првата комуникација и стекнување одреден респект кај потенцијалниот нов фан на одреден модел, а подоцна на сцена стапуваат соодветните перформанси и удобноста, која овозможува пријатни моменти и на подолги дестинации. Ваквата комбинација е одлучувачка при изборот на нов скутер, а JONWAY 50 QT 7 гарантира успешен рецепт кој е искористен во производството на овој модел, чии продажни бројки и популарност на повеќе континенти зборува многу за скутерот со привлечна цена. Користејќи го докажаниот агрегат, JONWAY 50 QT 7 го комбинира економичното возење со спортските гени и овозможува релаксирани минути зад управувачот. Седиштето е доволно удобно и доволно комфорно за двајца патници, а суспензијата повеќе од соодветна за она што се очекува од ваков тип на транспортер на две тркала кој во прв план го става долготрајното и квалитетното. Со должина нешто помала од два метри и тежина од 100 колограми не е изненадување што агрегатот со работна зафатнина од 50 кубни сантиметри ослободува доволно сила која тркалата ја претвораат во вистинско задоволство зад управувачот. Максималната брзина е сосема пристојна за приоритетните градски задачи, а позитивна страна му е и потрошувачката која обезбедува нови поени за овој модел. Според спецификацијата, JONWAY 50 QT 7 троши навистина малку, а со капацитетот на резервоарот се обезбедува поголема автономија која е пропратена со одлични перформанси и стабилност при секакви услови на подлогата.

Model: JONWAY 50 QT 7
Engine tipe: 50 cc
Power: 3.9 hp

Startin system: Electric (CDI) / Kick
Compress ratio: 9.0:1
Length x Width x Height: 1,980mm x 680mm x 1,120mm
Battery capacity: 12V7Ah
Wheel size: Front 80/90-14 Rear 90/90-14
Wheelbase: 1,280 mm
Weight : 80 kg
Зачувајте го овој производ за подоцна