HAMACHI DAKE R2

16237

HAMACHI DAKE R2 16237
Трендовскиот дизајн го исфрла DAKE R2 како еден од најатрактивните претставници во својата класа во моментов.

Ако класичната изведба на скутер со вообичаена моќност е недоволна доза за вашите адреналински потреби, а истовремено сте решиле дека не сакате крос авантури, тогаш го препорачуваме уличниот крстосувач познат како DAKE R2. Со мотор со работна зафатнина од речиси 250 кубни сантиметри, овој модерен мотоцикл располага со со респектабилни 26 коњски сили, комбинација која најавува сериозни перформанси и воодушевувачко искуство зад управувачот.

Трендовскиот дизајн го исфрла DAKE R2 како еден од најатрактивните претставници во својата класа во моментов, а производителот успеал да го накити со соодветни елементи кои го комплетираат впечатокот за специфичната и убедлива појава. Димензиите се соодветни за еден STREET BIKE модел, а меѓуоскиното растојание од 1.380 милиметри овозможува удобна позиција и пристоен баланс во однос на комфорот за кого е задолжена сузпензијата, односно амортизерите.

Погонската единица е потврден и успешен претставник во многу популарниот сегмент, возачот на мотоциклот DAKE R2 чувствува дека во секој момент има доволна подршка и лесно излегува на крај и лесно излегува на крај со кривините и другите по екстремни ослови на патот.

За сопирачкиот систем исто така нема забелешки бидејќи се користат дискови, со што сигурноста е на високо ниво и правопропорционална со функционалноста на целиот систем и неговите елементи.

Идните купувачи на DAKE R2 нема да бидат разочарани ниту од потрошувачката бидејќи економичноста на моторот е нешто што лесно може да се почувствува уште при празнењето на првиот резервоар, а на тоа влијае и тежината од 150 килограми, која се чини е во рамките на стандардните очекувања во овој сегмент на мотоцикли. Издувниот систем ја дополнува генералната слика, исто како и дигиталната инструмент табла на која е најдено вистинското решение за формата и типот на информации кои ќе бидат претставени и обезбедени за возачот.

Model: DAKE R2
Engine: 249.6cc – 4Stroke
Power: 25.87 hp
Cooling: Air cool
Starter: Electric / Kick
Ignition: CDI (Capacitor discharge ignition)
Ratio: 0.117 KW/kg
Maximum speed: 140 km/h
Wheel base: 1,380 mm
Front / Rear Brakes: Disk / Disk
Lenght / Width / Height: 2,050mm x 720mm x 1,130mm
Fuel System: Carburator
Front / Rear Tires: 110/70-17 / 150/70-17
116235 мкд In stock
UPC:16237
Brand:Hamachi
Тежина 150 kg (0)
Боја Црвена (0) Бела (0) Црна (0)
Димензии Должина - 205 cm (0) Ширина - 72 cm (0) Висина - 113 cm (0)
HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2 HAMACHI DAKE R2