CF MOTO 520 – S

SKU 16140
304.425 мкд
Во Продавница
1
Product Details

АДРЕНАЛИНСКИ ТАНЦ


Одлична конфигурација на моќност, комфорт и конкурентна цена

Променливото време и соочувањето со карактеристичното есенско време повторно го зголемува адреналинот кај фановите на OFF ROAD возењето, а во изборот на вистинскиот четирицикл се наметнува програмата на глобалниот гигант CF MOTO кој покрај во Македонија е присутен на речиси сите пазари во светот. Подлогата и опкружувањето во помалку достапните предели се вистински предизвик во овој период од годината, а CF MOTO за таа намена го препорачува моделот 520S кој успева да направи комбинација меѓу карактерот и квалитетите на две серии, а притоа да го извлече најдоброто од нив. Модерниот квад располага со докажан мотор со зафатнина од 495 cm кубни, мочност од 19.3 коњски сили и вртежен момент од 24 Nm, што само по себе е добра најава за предиспозициите и можностите на CF MTO 520S.

Дизајнерските решенија кај овој ATV модел се одлични, а производителот посветил посебно внимание на деталите, со што потврдува дека сериозно смета на продажните успеси на 520S, а според најавите елемент на кој посебно се внимавало е комфорот, што значи дека возачот би можел полесно и порелаксирано да управува со овој CF MOTO модел.

Независната суспензија со двојни рамења е одлично решение чии предности се чувствуваат кога е најпотребно, а очекувано може да се користи и погонот на четири тркала со кој се добива уште подобра тракција за совладување на проблематичните делници. CF MOTO 520S е оддалечен од подлогата 240mm , долг е 2.1 метар, а тежината од 345 килограми оди во прилог на солидната економичност и посакуваните возни перформанси. Капацитетот на резервоарот од 15 литри добро им парира на амбициите на возачите со авантуристички дух и во партнерство со економичниот мотор гарантира голема автономија.


Model: ATV CFORCE 520S
Engine type: 495cc - 4Stroke
Power: 19.3 hp
Bore and stroke: 91.0mm X 76.2mm(3.6x3in)
Compression ratio: 10.3:1
Fuel System: Electronic Fuel Injection
Max. Torque: 24N.m/5000 rpm
Ignition: ECU
Transmission: CVT
Seat Height: 530mm
Ground Clearance: 240mm
Curb weight: 345 kg
Length x Width x Height: 2,100mm x 1,100mm x 1,150mm
Wheelbase: 1,260mm
Fuel Capacity: 15 L
Cooling: Liquid
Shock Absorber: Spiral Spring Oil shock absorber
Suspension: Double Arm,independent Suspension
Drive: Switchable 2WD/4WD
Brakes: Hydraulic
Front Rim: 12×6.0AT Aluminum Alloy/Radial
Rear Rim: 12×7.5AT Aluminum Alloy//Radial
Front tire: 24×8.00-12; AT 25×8.00-12
Rear tire: 24×10.00-12; AT 25×10.00-12
Save this product for later